Приватност и заштита

Заштита на Личните податоци

Според Законот за заштита на личните податоци, Корисникот го задржува правото да пристапи до сопствените Лични податоци, како и да изврши корекција и промена на податоците кои ги приложил и кои станале сопственост на www.muranoart.mk со самото користење на Веб страницата. Со прифаќање на тековните Услови, Корисниците кои веќе ги приложиле своите податоци во формуларот за регистрација, се согласуваат Личните податоци да бидат обработени од www.muranoart.mk по веб распоред за испорака на производите и услугите. www.muranoart.mk изјавува дека Личните податоци кои Корисниците ги приложиле НЕМА да бидат давани на трети лица за рекламирање или промотивни цели.

Приватност и заштита на податоци

www.muranoart.mk е целосно посветена на заштита на приватноста на Вашите лични податоци. Членовите на нашиот тим целосно ја ценат и почитуваат важноста на приватноста податоците на Интернет. Ние нема да откриваме информации за нашите потрошувачи на трети страни, освен ако не сме во договор да ви обезбедиме услуга на Вас со овие трети страни т.е. договор за испорака на производите, спроведување на кредитни и други видови на безбедносни проверки, како и за целите на одредено истражување за преференциите на потрошувачите, или за било каква друга цел за која претходно имаме добиено писмена дозвола од Вас.

www.muranoart.mk е сигурна веб страница. Кога ќе влезете на нашата checkout страница, Вие се наоѓате на сигурен сервер кој што користи Secure Socket Layer (SSL) технологија, која ги заштитува Вашите лични податоци и се грижи сите трансакции поврзани со плаќања да бидат безбедни и да бидат спроведени без никакви попречувања. Вашите информации од платежните картички и Вашите лични податоци се енкриптирани со помош на оваа технологија и се зачувуваат во една безбедна средина.

Безбедност на Вашите податоци

Податоците кои Вие ги оставате на нашата страница се целосно безбедни. www.muranoart.mk ја почитува Вашата приватност и било каква лична информација како: Вашето име, телефонски број, адреса, е-маил адреса, порачани производи, информации од кредитната картичка итн. оставена овде е приватна, менаџирана e од страна на www.muranoart.mk во една сигурна и заштитена средина и нема никогаш да биде пренесена на некоја трета страна без Ваша претходна дозвола.

Ако сакате да ги потврдите Вашите податоци, или да не известите за некаква нивна промена контактирајте не на следнава е-маил адреса: murano_art@yahoo.com

Безбедност на Вашите плаќања

За да ги направиме Вашите плаќања со платежни картички за производите кои Вие ги нарачувате од нас што е можно побезбедни, сите Ваши информации се шифрираат со помош на Secure Socket Layer (SSL) технологија. Ова значи дека информациите се пренесуваат преку безбедна конекција на Вашата платежна картичка со нашите партнери УНИ Банка, и овие информации не можат да бидат прочитани од било која друга надворешна страна.

За префрлување на Вашите плаќања на нашата сметка ние соработуваме со авторизирани компании, кои ни помагаат да ја верифицираме валидноста на вашата платежна картичка и да ги менаџираме сите трансакции на сигурен начин. Нашите партнери ги процесираат Вашите целокупни детали од платежните картички во согласност со интернационалните сигурносни стандарди зад кои стојат компаниите VISA и MasterCard. Ова значи дека со информациите од Вашите платежни картички се постапува на еден начин кој има висока безбедност.